Традиционално одбележување на Свети Труфун во Ајватовци

Во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун во недела со почеток во 08.30 часот, по повод верскиот празник Свети Трифун, во населеното место Ајватовци, во Општина Илинден, ќе се одржи традиционално закројување на лозјата.

Симболичното закројување на лозовите насади ќе почне со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква.

Годинава, традиционално по трет пат, во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите во Општина Илинден ќе се изврши избор на најдобро домашно подготвено вино на традиционален начин, а изборот ќе го извршат членовите на „Винско витештво“ од Македонија – здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.