Трагедија: 20-годишно момче загина во сообраќајка во Охрид

Во сообраќајна незгода животот го загуби едно лице на возраст од 20 години, додека друго лице на возраст од 25 години се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во болница. Во возилото било уште едно лице кое се здобило со полесни повреди, пренесе Охрид1.

Несреќатата се случила околу 05:00 часот кај Рача.

Неофицијално поради неприлагодена брзина на патот, при што автомобилот се удрил во бандера па се истумбал.

Сообраќајот на Булевар Свети Наум Охридски е нормализиран.