Трагедија: Американските кошаркарски легенди загинаа во авионска несреќа

Јавноста зад Океанот беше потресена од смррта на тренерот на Универзитетот Илиноис, Тори Ворд и спортскиот директор, Арон Лич кои загинаа во авионска несреќа неколку часа по финалето на кошаркарското првенство меѓу колеџите во САД.

Двајцата тргнале со мал авион по финалето, во кој имало вкупно 7 луѓе и сите загинале. Се уште не се јасни причините за катастрофата.

Претседателот на универзитетот, Лари Дитц ја потврди трагичната вест. Сите студенти се информирани за случката.

Меѓу другите во авионот биле и поранешниот играч на универзитетот, Џејсон Џоунс, пилотот Томас Хајлман и тројца фанови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.