Трагедија: Бебе загина кај Демир Капија

Како што информираат од полицијата, несреќата се случила кај месноста Арсова лака кога дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила со српски регистарски ознаки, форд фиеста и шкода фабија.

Во несреќата загинало 8 месечно бебе и 7 лица се повредени.

Бебето починало на пат кон болница а за останатите повредени сеуште нема детали, како ни за причините за несреќата.

Во моментов на лице место увид прави полицијата и јавен обвинител од Кавадарци.