Крими хроника

ТРАГЕДИЈА: Четиригодишно дете почина откако врз него падна капија

ТРАГЕДИЈА: Четиригодишно дете почина откако врз него падна капија

Трагедија во гостиварско Добри Дол. Во дворот на основното училиште „Сали Лиси“ во гостиварското село Добри Дол, се случила несреќа во која едно четиригодишно дете било тешко повредено.

Набрзо по несреќата детето било пренесено во гостиварската Општа болница, каде од повредите починало.

Според првичните информации од СВР Тетово, несреќата била пријавена околу 13 часот, по што на местото е испратена екипа која заедно со јавен обвинител треба да изврши увид.

Од се уште неутврдени причини, металната врата на дворот од училиштето излегла од лежиштето и паднала врз дететото кое играло. Поединостите кои довеле до повредувањето и трагичниот исход на детската игра ќе бидат познати откако ќе заврши увидот, кој почна пред малку, информира СВР Скопје.