Балкан

Трагедија: Малиот Стефан пронајден мртов

Трагедија: Малиот Стефан пронајден мртов

Стефан Илиќ (12), момчето кое исчезна во саботата во Банатска Суботица околу пладне, денеска е пронајден мртов во каналот на реката Караш, јавуваат српските медиуми.

Телото на детето го пронашол локален жител, кој бил на рибарење. Местото каде што пронајден Стефан е на 500 метри од неговата куќа.

sterfan

Полициски патроли биле на сите влезови во Банатска Суботица, и детално ги проверувале сите возила, а во потрагата се вклучиле и нуркачи кои ја пребарувале реката Караш.

Потрага по момчето имало и во соседните места, сите гранични места биле строго контролирани и воспоставена е и соработка со романската полиција.

stefan1

Првичната информација е дека детето е киднапирано,  а се појавија и снимки кои се претпоставува дека се од киднапирањето.