Трагедија од младоста: Де Ниро се обвинува за смртта на својот пријател и славен актер

Новата биографија „In De Niro: A Life”, открива како пред повеќе од 30 години, злоупотреба на кокаин во која бил вмешан и славниот актер Роберт Де Ниро, довела до смрт негов најдобар пријател

Како што вели авторот на книгата Шон Леви, актерот некогаш живеел живот кој се трудел да го сокрие од јанвоста. Во периодот во кој тој заедно со режисерот Мартин Скорсезе и нивното друштво консумирале дрога, особено кокаин, актерот станал близок со Џон Белуши, пишува во книгата.

И двајцата го сакале ноќниот живот. Иако биле сосема различни карактери, Де Ниро како сериозен глумец и Белуши како комичар, заедно пиеле и се дрогирале. Нивниот развратен начин на живот ги чинело живот, кога во 1982 година Де Ниро го нашол Белуши со дилер на кокаин и хероин во неговиот апартман. Но, не обрнал внимание на тоа. Во апартманот на Белуши последен пат влегол неколку часа пред кобниот наста. Следното утро, управителот на хотелот му кажал дека Белуши починал.

Актерот бил скршен. Не само затоа што пред неколку часа го видел својот пријател кој починал на 33 годишна возраст, туку затоа што знаел дека Белуши експериментирал со дрога бидејќи сакал да добие улога на рок музичар во еден филм.

Освен тоа, се обидувал да го имитира Де Ниро.

Според книгата, пријател на Де Ниро, музичарот Ричард Бир, набрзо го потсетил актерот дека пред смртта на Белуши зазговарале за тоа дека би било добро кога Џон поради својата улога навистина консумира хероин за се’ да испадне поуверливо.