Трагедија: Почина бебето на Александар Вучиќ

Бебето кое го носеше сопругата на премиерот на Србија, Александар Вучиќ починало три дена пред породувањето, објави електронското издание на српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на свои извори.

Срцето на нероденото девојче, кое требало да го добие името Нева, ненадејно престанало да бие.