ТРАГЕДИЈА: Почина младиот Зоран кој чекаше ново срце

И покрај огромната поддршка од целата македонска јавност и бројните хуманитарни акции кои се организираа за да се соберат средствата за неговата операција, почина 25-годишниот Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани, пренесе ОхридПресс.

Неофицијално Зоран починал денес околу пладне при подготовки за операција.

Зоран Ѓорѓиевски беше роден во 1990 година во Вевчани. Болуваше од дилатирана кардиомиопатија, болест каде срцето е ослабено и проширено и не може нормално да пумпа крв. Намалената работа на срцето влијае на белите дробови, црниот дроб и другите органи. За неговата операција беа потребни од 300.000 до 500.000 евра, објави ОхридПресс.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) неодамна соопшти дека е одобрено барањето за лекување во странство за Зоран. Фондот, го одобри барањето во транспарентна и брза процедура и лекувањето во странство ќе беше на товар на Фондот.