Трагедија – почина австралиски рагбист по удар добиен на натпревар

Австралискиот спорт вчера остана завиен во црно.

Рагби играчот Џејмс Акерман почина во болница во Бризбејн откако доби удар за време на првенствениот натпревар меѓу неговиот тим Саншајн Коуст и Норт Девилс.

Несреќниот 25-годишен Акерман доби удар во глава за време на мечот по што судиите веднаш го прекинаа истиот. Џејмс половина час добиваше прва помош за да потоа биде пренесен во клинички центар када единствено констатирале смрт.

“Изразуваме најдлабоко сочуство до семејството на Џејмс, пријателите и клубот. Ова е трауматичен момент за сите нас, па затоа сега ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на неговото семејство”– истакна извршниот директор на лигата, Роберт Мур.

Братот на Акерман, Том Робинсон, пак, истакна дека семејството одлучило да ги донира неговите органи на оние на кои им се потребни.

“Некој поради тоа тоа ќе има подолг и подобар живот. Горд сум на сите негови спортски успеси во краткиот живот, чест ми е што сум негов брат” – соопшти братот на починатиот спортист.