Трагедија: Почина бебе во Тетово

Во полициската станица Тетово, вчера околу 01:40 часот од Клиничка болница Тетово било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“, во куќата сопственост на С.Р. била констатирана смрт на неколкумесечно бебе.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Тетово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе е дадено на обдукција.