сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 9

Трагедија: Почина трудница во штипската болница

Телото е предадено на обдукција во Скопје со цел да се утврдат причините за смртта.

stipbolnica

Последни вести

Дваесет и шестгодишна трудница од Штип во поодмината бременост почина во штипската Клиничка болница.

Трудницата синоќа била примена во Итната медицинска помош со симптоми на труење, односно дијареа и повраќање, а откако и е укажана лекарска помош, се вратила дома. Но, рано утринава и се влошила состојбата по што семејството ја однеле на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

По направената анализа на крвта, веднаш е префрлина на Одделението за гинекологија и акушерство.

Тимот од лекари процениле дека нејзината состојба е животно загрозувачка за да се транспортира во Клиничкиот центар во Скопје, по што веднаш почнале со нејзина реанимација и се обиделе да го спасат новороденчето, но обидите биле неуспешни.

Раководството на Клиничката болница го потврди случајот и најави дека во текот на утрешниот ден подетално ќе информира за смртта на 26-годишната трудница и нејзиното новороденче.

Телото е предадено на обдукција во Скопје со цел да се утврдат причините за смртта.

Најчитани вести