Трагедија: Се обеси 35-годишна жена од тетовско

Триесет и петгодишната Н.Р. од тетовското село Нераште, вчера попладне околу 16 часот се обесила во плевната до семејната куќа.

Нејзиното безживотно тело го пронашла  помладата сестра, која прва забележала што се случило и ги повикала другите за да ја извадат надвор од плевната.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид и при тоа не се пронајдени траги на насилство.  Телото му е предадено на семејството за погребување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.