ТРАГЕДИЈА: Се удави маж во Охридско езеро

27 годишен маж се удави во Охридското езеро. Несреќниот настан се случи попладнево околу 16 часот на воениот камп во манастирскиот комплекс Свети Наум, пишува Канал 5.

Се претпоставува дека давеникот бил на одмор и од непознати причини се удавил на плажата, каде не биле ангажирани спасителите на Црвениот крст.

Безживотното тело го забележале капачи и повикале помош. Увид на лице место изврши јавен обвинител и екипите на полицијата.