Трагедија: Скопjaнецот кој загина кај Мавровка ја носел жена му да се породи

Неколку часа по сообраќајката кај „Мавровка“,во која 33-годишниот Блаже И. го загуби животот, неговата сопруга се породила и се наоѓа на Клинички центар „Мајка Тереза“

Триесет и тригодишен скопјанец од населбата Илинден го загуби животот во стравотна сообраќајна несреќа кај „Мавровка“. Жители на скопската населба Илинден раскажуваат дека несреќата се случила додека 33-годишниот Блаже И. ја носел сопругата да се породи, јави Утрински.

Во возилото со нив била и неговата мајка, која е повредена и задржана на лекување. Неколку часа по несреќата, неговата сопруга се породила и се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје. Лекарите од таму велат дека родилката е во стабилна здравствена состојба.

 

Во сообраќајката учествувале три патнички возила и четворица пешаци кои во тој момент преминувале преку еден од булеварите. Повредените во стравотна несреќа на Бит-пазар, за среќа, поминале со полесни телесни повреди и некои од нив се пуштени на домашно лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.