ТРАГЕДИЈА: Скопјанец ја пронашол сопругата убиена кога се вратил од пазар

Шеесет и деветгодишниот Д.Ш. од Скопје вчера ја пронашол убиена својата сопруга П.Ш. (46) во нивниот дом на улицата „Саса“ кога се вратил од пазарење.

Таа била легната на стомак во ходникот и не давала никакви знаци на живот.

Тој помислил дека и се слошило, ја завртел на грб да и помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, која за жал можела само да констатира смрт.

Увид извршил Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во 16 часот и 30 минути телото на починатата е предадено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.