Балкан

Трагедија: Таткото на малечката Хелена се обиде да се самоубие

Трагедија: Таткото на малечката Хелена се обиде да се самоубие

Дарко Крсмановиќ (33), татко на трагично настраданото осумгодишно девојче од Ресник е пуштен од полицијата откако една ноќ помина во притвор. Според извори на „Блиц“ тој се обидел да се самоубие веднаш по пуштањето на слобода.

Хелена Крсмановиќ настрада во неделата во нивната куќа во Ресник. По враќањето од лов таткото на несреќното девојче ја оставил наполнета пушка на масата во дневната соба и отишол на катот од куќата за да разговара со својата сопруга и нејзините родители. Тогаш во дневната соба влегле Хелена и нејзиниот четиригодишен брат Филип кој случајно го повлекол орозот и ја усмртил сестрата.