ТРАГЕДИЈА: Тинејџерка пронајдена мртва во својот дом

Осумнаесет годишна девојка денеска е пронајдена мртва во семејната куќа во белградската населба Миријево.

Од српското МВР потврдиле дека случајот бил пријавен утрово околу 11 часот и дека девојката е на 18-годишна возраст.

Портпаролката на Брзата помош посочила дека девојката била мртва во моментот кога пристигнале лекарите и дека смртта најверојатно настапила поради повреда на главата.

Според неофицијални информации станува збор за убиство, а за злосторството е осомничен поранешниот сопруг.

Увидот е во тек.