Трагедија: Три лица од Арачиново загинаа во тешка сообраќајка

Три лица од скопско Арачиново, загинаа денеска откако товрен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце, потврди МВР.

Несреќата се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин.

Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата загинале возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б, а четвриот сопатник И.Б успеал да скокне од возилото пред ударот. Неофицијално, починатите лица се сопружнци нивно дете.

Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово се уште вршат увид.

Сообраќајкот на овој патен правец е во прекин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.