Трагедија: Тројца браќа починаа во тешка сообраќајна несреќа

Србија ја потресе уште една трагедија. Тројца браќа враќајќи се од роденденска прослава загинаа во сообраќајна несреќа.

22-годишниот Милош, 18-годишниот Далибор и 16-годишниот Марко Милојевиќ рано утринава загубиле контрола враќајќи се од роденденска забава на своја другарка која полнела 18 години. За жал, момчињата починале на лице место откако со својот „Голф 4″ движејќи се со голема брзина удриле во столб.

Семејството на тројцата браќа е скршено од болка. Мајката и таткото се завиени во тага и болка откако ги изгубија трите сина во ист ден.