Трагедија: Ученик почина за време на големиот одмор

Единаесетгодишен ученик од Зеница починал за време на големиот одмор откако се скарал со другарите.

Несреќата се случила во училницата за време на одморот, по што момчето Х.М. паднало на земја.

Во тек е истрагата, а пред училиштето се собираат родители кои доаѓаат да си ги земат децата.

Директорот на училиштето „Муса Чазим Чатиќ“, Есад Чоровиќ, за босанскиот портал Абаз вели дека не може да каже ништо повеќе до крајот на истрагата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.