Трагедија во Белград: Девојче застрела братучетка со пушката на дедо и’

Трагедија во Белград: Девојче застрела братучетка со пушката на дедо и'
Трагедија во Белград: Девојче застрела братучетка со пушката на дедо и'
Седумгодишната Н.Ј ја застрелала својата братучетка Л.Џ (7) во белградската населба Кумодраж.

Оваа незгода се случила завчера, кога при детска игра еден куршум завршил во рамо на девојчето, по што итно е донесена во болницата во Тиршова. Л.Џ во моментот се наоѓавон животна опасност.

Според информацииите на српско „Ало“, дедото Д.С (67) најверојатно сакал да ја исчисти старата пушка, па затоа ја изнел и ја ставил во просторијата каде се наоѓале и неговите внуки.
Децата во еден момент го дофатиле оружјето. По се изгледа дека ни девојчињата ни дедото не знаеле дела во цевката сенаоѓа куршум. Девојчињата биле свртени една кон друга и вистинска среќа е што Л.Џ. не е потешко повредена, објаснува извор близок на целиот случај и предупредува дека на пример дијаболата може да помине низ очниот канал директно во мозок.

Л.Џ. е примена во детската болница во Тиршова во свесна состојба, каде што најверојатно ќе биде оперирана за да и биде извадена дијаболата а со тоа и да се спречи труење на крвта.

Мајката на застрелането девојче е сослушана во полиција. Таа кажала декане била дома, но дека домашните и’ пренеле дека се работи за детска игра.

Најпотресно  во разговорот со полицијата, сепак, реагирал дедото, кој тврдел дека секогаш добро ги чувал внуките, и дека никогаш нема да си прости себе си за тоа што се случило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.