Трагедија во Франција, загина дете, 11 лица повредени

Трагедија ја потресе Франција.

Во предградие на Париз утринава во експлозија се урна една четирикатна зграда и притоа загина едно дете, а најмалку 11 лица се повредени, јавија француските медиуми, повикувајќи се на локалните служби.

-Седум возрасни и пет деца се водат како исчезнати, изјави представник на противпожарна служба во Париз, додавајќи дека се уште не е познато што е причината за експлозијата.

Сомневањата паѓаат на протекување плин.

-Во тек е пребарување на урнатините и бараме уште можни жртви, а заради несреќата е мобилизован доста медицински персонал, рече претставникот на противпожарната служба.