Крими хроника

Трагедија во Кичево: Пронајден мртов пред неговиот дом

Трагедија во Кичево: Пронајден мртов пред неговиот дом

Старецот С.П.Г. е пронајден вчера околу 20:35 часот од страна на неговиот син. Починатиот бил во лежечка положба со лицето свртено кон земја и имал повреда на лицето и траги од крв.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица во Кичево.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Медицинскиот центар во Кичево.