Македонија,Крими хроника

Трагедија во Прилеп: Три дечиња тешко повредени

Трагедија во Прилеп: Три дечиња тешко повредени

Вистинска драма се одвивала синоќа во Прилеп.  Десетгодишни дечиња кои си играле на улицата „Борис Кидрич“ заедно со 26-годишниот С.У. во контејнер пронашле црна вреќа со непозната зрнеста и топчеста материја и празни  патрони од ловна пушка, кои ги истуриле на куп и со чкорче од кибрит ја запалиле смесата, објавува порталот „Курир“.

Смесата направила силно осветлување и експлодирала, при што ги повредила.

Дечињата биле пренесени во ЈЗУ-Борка Талески – Прилеп каде им се констатирани тешки телесни повреди.