Трагедија во Скопје: Почина едномесечно бебе

Едномесечно бебе починало во Скопје, во домот на неговите родители, пријавила во четвртокот службата за итна медицинска помош, инфромираа денеска Министерството за внатрешни работи.

Во четвртокот, околу 9,25 часот, во Единицата за информации и команда Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицата „Бајрам Шабани“ има починато едномесечно бебе.

Во разговор со полициските службеници родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава знаци на живот.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.