Македонија,Крими хроника

Трагедија во скопски Чаир: Изгоре девојче

Трагедија во скопски Чаир: Изгоре девојче

Вчера околу 23.30 часот, на улицата „Емир Дураку“ во Чаир , во станот на Г.Г. избувнал пожар, при што на креветот во детската соба животот го загубила малата Л.Г. Во пожарот неколку лица се здобиле со изгореници и гушење со чад по што со возила на Итната медицинска помош била пренесени во болница.

Пожарот бил изгаснат од БППЗ. Причините за пожарот и висината на материјалната штета се уште се непознати.