Трагедија во Слупчане: Мало девојче загина во сообраќајка

Шестгодишно девојче го загуби животот во сообраќајна незгода која се случила вчера во кумановско Слупчане.

Мало девојче почина на лице место откако во неа удрил автомобил, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Трагичната несреќа се случла вчера околу 14.30 часот во селото Слупчане.

Ф.Д. управувавјќи со камион „форд транзит“ удрил во шестгодишната Елма Шабани. Од последиците здобиени од ударот девојчето загинало на лице место.  Смртта ја констатирал доктор, а полицијата извршила увид на местото и работи на расчистување на трагедијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.