Трагедија: Во сообраќајката кај Колари починаа татко со бебе и тригодишно дете

Четири лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево – Охрид кај селото Колари. Меѓу нив се и татко со бебе и тригодишно дете.

Незгодата се случи вчера околу 18,00 часот помеѓу патничко моторно возило „Волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А.(1987) од с.Зајас-Кичево и товарно моторно возило “Форд Конект 220“, управувано од В.А.(1984) од с.Горно Свиларе-Скопје.

Во незгодата на лице место починале сопатниците на патничкото возило„Волво“ бебе и 3 годишно дете, а додека Деар А. и Амзи И.(1969) од с.Д.Свиларе-Скопје, кој бил сопатник во товарното возило, починале на пат кон болница.

Со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(1989) и возачот на товарното моторно возило В.А., по што истите се пренесени во Ургентниот Центар-Скопје.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица Кичево.

За време на вршење на увидот сообраќајот на наведениот патен правец  се одвивал наизменично по една коловозна лента, а во 21,30 часот е нормализиран.