среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 22

Трагедија во тетовско: Падна метална врата усмрти 7 годишно дете

Седум годишно дете од тетовското село Вратница починало откако најверојатно врз него паднала метална врата од ограда, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

policija-1-3

Поврзани вести

Седум годишно дете од тетовското село Вратница починало откако најверојатно врз него паднала метална врата од ограда, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Според досегашните информации случајот во полиција бил пријавен од вработени во тетовската Клиничка болница каде во 19 часот и 45 минути било донесено безживотното тело на седумгодишното дете. Според информациите од болницата дежурниот лекар само ја констатирал смртта на детето кое имало и обилно крварење од главата.

Првичните и неофицијални информации велат дека детето се здобило со повредите во главата додека заедно со уште едно девојче си играле на металната врата од ограда на нива во близина на продавница во Вратница. Во еден момент вратата од засега неутврдени причини се откачила и паднала врз детето. Девојчето веднаш повикало двајца луѓе од продавницата кои ја подигнале вратата и го зеле детето што имало сериозни повреди на главата по што со возило се упатиле кон Тетово, но за жал тоа по пат починало.

По овластување на јавен обвинител увид на местото до несреќата ќе врши екипа на СВР Тетово чиишто службеници го обезбедуваат местото од каде треба да се подигнат траги за вештачење за целосно расчистување на случајот, рече Јосифоски.

Најчитани вести