Трагедија: Загина тригодишно дете

Три годишно дете почина попладнево откако врз него паднала метална врата.

Несреќата се случила во Скопје на ул.„Раштански пат“ кога влезната метална врата од куќата на Е.И. паднала врз две деца.

Три годишниот Бесир по тешките повреди починал на лице место, а шест годишниот А.И. со повреди бил хоспитализиран во Градската болница.