Траги-комедија на маратон во Кенија

Маратонец на трка во Најроби завршил втор - откако на трката се приклучил на километар пред крај

Полицијата и официјалните лица на трката соопштиле дека 28-годишниот Џулијус Њогу се сокрил меѓу гледачите, а во близина на целта се придружил кон водечките маратонци.

Њогу во спринтерски финиш го завршил маратонот како втор, а за тој “успех” требало да осои награда од седум илјади долари, но во меѓувреме е фатен и дисквалификуван.

Официјалните лица од трката соопштиле дека им било сомнително што кај Њогу не виделе никакви знаци на замор, а натпреварувачот не бил ниту испотен.

Малку подоцна било утврдено дека Њогу трчал само еден километар пред да стигне до целта.