Македонија,Крими хроника

Траги на насилство на телото на жената удавена во Калиманци

Траги на насилство на телото на жената удавена во Калиманци

На телото на 31 годишната Тања С. кое вчера беше извадено од водите на езерото Калиманци се пронајдени траги на насилство. Сепак, како причина за смртта се наведува давење од вода, пишува Курир.

Она што досега е познато е дека мајката на Тања пријавила во полиција дека дошол нејзиниот зет Д.С. (41), по што почнале расправија со нејзината ќерка. Во еден момент влегле во автомобилот „Форд“ и заминале во непознат правец.

Полицијата го пронашла безживотното тело на Тања на површината од езерото Калиманци, а бидејќи на брегот биле забележани траги од возило се претпоставува дека во водите на езерото се автомобилот и телото на Д.С.

Потрагата за пронаоѓање на мажот и возилото во водите на езерото Калимаци се уште трае.