Трагичен крај: Милорад Мадиќ Манда почина на сцената

Познатиот актер денес паднал на сцената на театарот Вук Караџиќ. Манда бил реанимиран од страна на итната помош подолго од еден ч час, но за жал, неговиот организам не успеал да се избори, пишува српски „Курир“.

Познатиот актер, кој кај балканската публика е познат по бројните улоги во поголем број филмови, меѓу кои и во „Убавите села, убаво горат“ (Лепа села, лепо горе) и „Ивкова Слава“ денес паднал на сцената за време на изведба на претстава.

За време на предпремиерата на претставата „Петар Пан“ во театарот „Вук Караџиќ“, Мандиќ кој ја толкувал улогата на капетан Кука се срушил на сцената.

Публиката прво мислела дека се работи за дел од актерската игра, но потоа се спуштила завесата, а луѓето биле замолени да излезат од театарот.

Милорад Мандиќ Манда е роден во Белград на 3-ти мај 1961-та година.

На 21 година станал член на белградксото аматерско Експериментално драмско студио. Шест годин и подоцна дипломирал актерска игра на факултетот за Драмски уметности во класата на професорот Владимир Јевтовиќ.

По дипломирањето станал член на белградскиот детски театар „Бошко буха“.