Трагична несреќа во Манила: Најмалку 22 загинати

Во трагична сообраќајна незгода во филипинската престолнина Манила животот го загубија 22 лица.

Во тешка сообраќајна незгода, 22 лица го загубија животот, а 20 се пренесени во болница со сериозни повреди,  откако рано утринава автобус кој се движел со голема брзина ја пробил заштитната ограда на автопатот, а потоа удрил во комбе.

Според полицијата, причинита за несреќата се’ уште е непозната, но најверојатно е од големата брзина со која се движел автобусот.

Сообраќајните ензгоди се чести на Филипините бидејќи не се почитуваат сообраќајните правила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.