Трагична несреќа: Возач почина по удар во дрво

Педесет и петгодише жител на Свети Николе згина вчера утро во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, информира полицијата.

Несреќата, според полицискиот билтен, се случила околу 7,45 часот кога М.К. изгубил контрола над автомобилот „голф“ и удрил во дрво покрај патот.

Возачот  од здобиените повреди починал на самото место. Од страна на лекар од Итна медициска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Свети Николе. Се работи на целосно расчистување на случајот.