вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Трајанов: Имаме план за гасификација на Македонија

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на кандидатската листа за пратеници во Првата изборна единица во Скопје, рече дека е неопходна промена на власта, како битен предуслов за стабилизација на состојбите, владеење на правото и економски развој.

133459790

Последни вести

Коалицијата за промени и правда денеска на средби со жители на Пржино, Црниче и населби од Кисела Вода ги претстави приоритетите од програмата за изборите на 11 декември.

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на кандидатската листа за пратеници во Првата изборна единица во Скопје, рече дека е неопходна промена на власта, како битен предуслов за стабилизација на состојбите, владеење на правото и економски развој.

Трајанов ги критикуваше ефектите од акцијата „Ден на дрвото“ и истакна оти Коалицијата за промени и правда има план за гасификација и зачувување на зеленилото во Македонија.

Се залагаат за промени во изборниот модел,  Македонија да биде една изборна единица, а составот на Парламентот, посочи Трајанов, ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, преку отворени листи.

– Ќе го намалиме бројот на пратеници, од 123 на 90, а бројот на министри ќе го намалиме за 50 проценти ќе ги редуцираме бројните агенции, регулаторни тела и други непродуктивни институции, рече Трајанов.

Предвидуваме, додаде, исти бизнис услови за странски и домашни компании и отворање на над 30.000 мали фирми

Најчитани вести