Трајановски доби признание од Здружението на пензионери на Центар

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска оствари средба со Здружението на пензионери на општина Центар, на која во знак на благодарност за поддршката што Градот Скопје во рамки на своите можности им ја дава и им излегува во пресрет на барањата на пензионерите, Извршниот одбор на Здружението на пензионери на општина Центар на градоначалникот Трајановски му додели Признание за соработка.

Градот Скопје и Сојузот на здруженијата на пензионерите на град Скопје (СЗП), во 2009 година ја потпишаа Спогодбата со која се предвидува соработка на Градот со Градскиот Сојуз на здруженијата на пензионерите во поглед на унапредување на културниот, рекреативниот, спортскиот, едукативниот живот на пензионерите како и остварување на други социјални, пензиско-инвалидски и права од здравственото осигурување. Согласно со одредбите од потпишаната Спогодба за соработка, како и согласно со потпишаниот Договор помеѓу Градот Скопје и Сојузот на Здруженија на пензионери на град Скопје – СЗП од 2010 година, Градот предвидува средства во Буџетот на Град Скопје кои се наменети за реновирање на одморалиштето во Рекреативниот Центар Катланово и за поддршка на програмски активности на Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје.Градот Скопје во изминатите години има остварено одлична соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје, која се базира на меѓусебен договор и взаемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите. Соработката продолжува и понатаму и Градот Скопје целосно ја изразува својата поддршка за понатамошната работа на Сојузот – истакна Градоначалникот Трајановски на средбата со пензионерите.

Priznanie od zdruznenie na panzioneri 2017 (1)

За поддршка на пензионерите Градот Скопје организира низа активности како:Организирање групен превоз на пензионери на излетнички дестинации на подрачјето на Град Скопје и територијата на Република Македонија; Бесплатен превоз на возрасни лица, четири дена во неделата – вторник, петок, сабота и недела; Бесплатни слободни легитимации за јавниот градски превоз за инвалидските пензионери, Поддршка на спортски манифестации како што е традиционалниот 13-то Ноемриски шаховски турнир; Поддршка на празнувањето на Денот на пензионерите на РМ и други активности.

Priznanie od zdruznenie na panzioneri 2017 (2)

Соработката на Градот Скопје со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје продолжува и понатаму и тоа преку поддршка во организациското јакнење на Сојузот односно поддршка за понатамошната работа на Сојузот и здруженијата кои се негови членки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.