Трајановски го посети првото родено бебе во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за здравство, Нокола Тодоров  денеска  во ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство  „Мајка Тереза“ – Чаир го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2017 година.

Првороденото бебе во Скопје во 2017 година е родено рано утрово во 04:15 часот во ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир. Машкото бебе е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Мајката Нуредини Рамадан Хикмет  е родена 1991 година и ова и е прво дете.

Градоначалникот Трајановски на мајката и семејството им честита за првото дете, посекувајќи му здравје и среќа. Тој на семејството им ја честита Новата година и им подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.

mad_5643

Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2017 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов и успех.