Трајановски: Градскиот кризен штаб, полицијата и војската веднаш беа меѓу граѓаните

Во вечерашното Отворено студио на ТВ Нова гостува градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Трајановски ја опиша кобната ноќ на 6 август, кога во поплавата што го зафати скопскиот регион животот го загубија 22 лица и за напорите за расчистување и помош на погодените подрачја што следуваа.

-Нормално дека во првиот момент сите бевме изненадени, вознемирени, но секогаш бевме присебни, рече Трајановски.

Трајановски вели и дека целата работа била координирана, војската и полицијата биле на пунктот, од Дирекцијата за заштита и спасување, а на лице место биле и дел од министрите.

-Далеку од тоа дека сме биле во паника, дека не сме знаеле што правиме. Штабот за заштита и спасување веќе не беше градскиот штаб, туку беше државниот штаб за заштита и спасување. Таа координација беше максимална онолку колку што ни дозволуваше времето, рече Трајановски.

-Да не заборавиме дека тоа беше во вечерни часови, летен период и дека беше во викенд, кога Скопје е полупразно, додаде градоначалникот на Скопје.