Трајановски и Трајковски во увид на поплавени објекти во Смилковци

Градоначалникот Коце Трајановски и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, во текот на изминатата ноќ и денеска извршија увид во населеното место Смилковци каде што по вчерашните обилни врнежи од дожд се поплавија подрумски простории, како и земјоделско земјиште.

Смилковското езеро, кое вообичаено се полни со водата што се слева од Скопска Црна Гора, како резултат на вчерашните обични врнежи прелеа, ги преполни и блиските канали, по што водата ги поплави околните површини и повеќе подрумски простории.

Екипите на Град Скопје веднаш излегоа на терен, ја испумпуваат насобраната вода и ги санираат последиците од поплавите.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и ќе интервенира секаде каде што има потреба.