Трајановски на средба со населението во Шуто Оризари

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Шуто Оризари, Елвис Бајрам и директорите на јавните градски претпријатија денеска присуствуваа на акција за чистење на општината Шуто Оризари, на улицата Гарсија Лорка. Оваа акција во општината Шуто Оризари е дел од единаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и месните заедници.

– Се наоѓаме на улицата Гарсија Лорка на која до неодамна имаше една од најголемите депонии во Градот. Во нејзиното чистење беа ангажирани голем број лица и механизација, коишто работеа повеќе од 15 дена, пришто беа собрани над 70 камиони ѓубре и шут или над 1500 кубни метри. Покрај чистењето, на оваа локација беше ставена и нова земја, а денеска се засадуваат и повеќе од сто зимзелени дрвја, со што оваа површина има целосно нов лик. Апелирам до жителите на Шуто Оризари да не фрлаат ѓубре на оваа локација и да ги чуваат засадените дрвја, бидејќи тие се за сите нас, кажа Трајановски.

Sredba so UZ Suto Orizari 11 cuklus (1)

На посетата на терен Трајановски се осврна и на другите активности кои јавните претпријатија на Градот Скопје ќе ги спроведуваат на терен во планираните три дена.

– Екипите на ЈП „Водовод и канализација” со луѓе и механизација ќе работат на чистење на шахтите и сливниците, како и на отстранување на дефектите со водоснабдувањето. Јавното претпријатие „Улици и патишта” ќе работи на санација на повеќе улици, а може да се преземат и поголеми зафати во рамки на рамковниот договор за соработка со Општина Шуто Оризари, додека ЈП „Комунална хигиена” ќе работи на чистење на сметот и помалите депонии на територијата на општината. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило” покрај засадувањето на дрвјата на улица Гарсија Лорка, ќе работат на косење на тревата на повеќе локации, како што се дворовите на амбулантата, градинките и училиштата во 0пштината, рече Трајановски.

Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Елвис Бајрам изрази задоволство од успешно спроведената акција за чистење на општината и ја нагласи добрата соработка со Градот Скопје. Тој нагласи дека овие дваесет години оваа депонија била црна точка во општината и дека со нејзиното расчистување значително се подобрува квалитетот на живот во Шуто Оризари.

Sredba so UZ Suto Orizari 11 cuklus (2)

На средбата со урбаните заедници, на којашто покрај градоначалниците присуствуваа и директорите на јавните претпријатија, раководителите на пунктовите на претпријатијата, како и претставници на секторите од администрациите на Градот Скопје и Општина Шуто Оризари, се дискутираше за состојбите на терен во општината, меѓусебната соработка, како и резултатите од истата.

Вториот (есенски) циклус на средби традиционално се користи и за презентација на проектите и активностите коишто Градот Скопје ќе ги реализира наредната година на територијата на соодветната општина. Како што информираше Трајановски, најголем проект коишто треба да се реализира на територијата на Општина Шуто Оризари е проектот за подобрување на водоснабдувањето во оваа општина.

– Подобрувањето на мрежата за снабдување со вода во населбата Шуто Оризари ќе се направи со изградба на пумпна станица кај крстосницата помеѓу улицата „Босна и Херцеговина“ и бул. „Словенија”, изградба на нов потисен цевковод до постојните резервоари и изградба на нов резервоар. Овој проект ќе го реализира со средства од Светската банка и проектантската вредност на истиот е околу 4 милиони евра. Проектот е готов и истиот е во фаза на резгледување во Светската банка и очекувам во декември веќе да распишеме тендер за избор на изведувач, рече Трајановски.