четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Трајановски: Не се доаѓа на власт со блокирање на државата

koce-trajanovski

Поврзани вести

Со блокирање на државата, на градот Скопје не се доаѓа на власт. Тие се против улиците, се што се изгради, булеварите, парковите, јас не знам на ваков начин да се дојде на власт. Си има избори, ВМРО-ДПМНЕ ниту со насилство, ниту со меѓународна заедница не дојде на власт. Вака на сила,присилно мислам дека се прави лошо на Република Македонија. Некој самиот ќе има вина на совеста за ова што се прави, смета градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски коментирајќи го насилното однесување и сквернавењето на споменици и институции.

-Јас не го оправдувам тој начин на дивеење низ градот Скопје. И јас сум бил во парламентот од ’98  до 2002, од 2002 до 2005, имало закони кои биле многу чувствителни за Република Македонија каде ние како опозиција и по три дена сме расправале на седница на парламентот, демократски парламентарно. Никогаш не сме се осудиле да го нападнеме претседателот на Собранието, ниту да го спречиме Собранието да го донесе тој закон со физички напад, вели Трајановски.

Најчитани вести