Трајановски: Нема атмосферска или фекална канализација која е за невреме

На денешната средба на Координативното тело на градоначалници било разговарано за состојбата од вчерашното невреме што го зафати градот Скопје, но и за тоа што треба да се направи со оглед на новите врнежи што се најавуваат за денеска.Според градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски извлечена е поука од синоќешното невреме и јавните претпријатија се на зголемена готовност за да дејствуваат таму каде што е потребно.

„Највеќе зафатени општини се Гази Баба, Центар и Аеродром. Останатите општини имаат многу малку или никакви оштетувања од ова невреме,“ изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Синоќа во Центарот кој што беше отворен во Град Скопје се јавиле 90 граѓани кои ги кажале проблемите. Сите биле исконтактирани во текот на ноќта, но и денеска.

„Сметам дека Градот Скопје успешно се справи со оваа елементара непогода од помали димензии.Донесовме заклучоци секоја од општините да го активира Штабот за елементарни непогоди.Претседателите на Штабовите се членови во Градскиот штаб за елементарни непогоди и за еден час ќе имаат состанок. Јавните претпријатија се на терен, се расчистуваат шахтите каде има промблеми. Пумпите на Дирекција за заштита и спасување и на Водовод се во приправна состојба, така што сметам дека ќе се справиме со невремето што се најавува.Се надевам нема да биде со тој интензитет како што беше синоаќа,“додаде Трајановски..

Градоначалникот смета дека поплавувањето на неколку места и куќи при ваква елементарна непогода не значи ништо. Тој смета дека нема атмосферска или фекална канализација која може да биде проектирана за невреме, односно за вакви елементарни непогоди.

„Важно е дека Градот Скопје со Јавното претпријатие излегоа на лице место и во реален рок го санираа тоа,“потенцираше  Трајановски.

Тој апелираше до граѓаните да не ги затнуваат атмосферските и фекалните канализации со облека и кабли кои беа извадени преку два тона.Поставувањето на пумпи на критичните места, проширување на тесните шахти се едни од мерките кои ќе бидат преземени како поука од ова невреме.Невремето заглави седум автомобили на критичните подвозници.

Прашањето за финансиска помош за најзагрозените ќе се разгледува од утре па натаму.