Трајановски: По поплавите заедно со Владата и општината со 5 милиони евра ја саниравме патната инфраструктура во Гази Баба

Градот речиси 100 проценти ја заврши својата работа и асфалтирање на сите улици во населените места кои беа зафатени од поплавите минатата година. Јас би сакал да се заблагодарам на големиот број на волонтери кои што дојдоа да им помогнат на жителите по настанувањето на оваа елементарна непогода, но би изразил и жалење и сочувство до 22 семејства и нивните блиски кои што ги загубија своите човечки животи, изјави на денешната панел дискусија градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.

„Многу е важно што и градот Скопје и општината Гази Баба и Владата беа координирани и сите учествуваа во саниреање на штетите од поплавата. Би го пофалил и Министерството за транспорт и врски кое исто така распиша и тендер за ангажирање на механизација на компаниите кои што помагаа во расчистување во овие населени места. Животот веќе е вратен во овие населени места и сега имаат многу подобра инфраструктура отколку во минатото“, рече Трајановски.

 

https://www.youtube.com/watch?v=2xmIi3lMxaI