недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Трајановски: Се ослободуваат главните сообраќајници – последиците се санираат

trajanovski-izjava-nevreme-640x356

Поврзани вести

Градот Скопје согласно препораките од УХМР веднаш формираше кризен штаб и почна да делува на терен. Се најде механизација од јавните претпријатија кои беа вклучени и од приватните компании, над 10 градежни машини излегоа на терен. Противпожарната единица излезе со чамци со противпожарни возила се со цел што повеќе луѓе да се евакуираат и да се спасат луѓе, истакна градоначалникот на Град Скопје.

-Активно се вклучија Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана. Сите заедно кои бевме на терен гледавме што повеќе да се намалат штетите и последиците од оваа елементарна непогода. Продолжуваме и понатаму во координација со државните органи, со сите соодветни министерства, за понатамошни дејства, евакуирање на луѓето доколку е потребно и санирање на штетите. Ќе следува и расчистување на теренот, треба да се ослободат главните сообраќајници, механизацијата е на терен. Целта е да најдеме што поголем ангажман за последиците што поскоро да ги санираме, вели Трајановски.

Во делот на општина Гази Баба, Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци и делимично околните села беа најпогодени од вчерашното невреме. Животот според досегашните пдатоци го загубија 20 лица, а со брзата реакција на надлежните спасени се и евакуирани над 1.000 граѓани од кои голем дел во животозагрозувачка состојба.

Најчитани вести