Трајановски: Скопје го посетуваат сè поголем број домашни и странски туристи

Статистичките податоци покажуваат дека Скопје го посетуваат сè поголем број на туристи, како домашни така и странски, а она што ги привлекува се знаменитостите и специфичностите на градот, вели за ТВ Нова таткото на град Скопје, Коце Трајановски.

-Меѓу нив се старата скопска чаршија, скопското Кале, Милениумскиот крст, Св. Пантелејмон, Матка, и во последен период интензивната изградба и реконструкција на централното подрачје. Луѓето кои доаѓаат тука велат „се случува нешто тука, градот е жив, се обновува, се градат нови плоштади, нови улици, булевари“, тие сакаат да гледаат нешто што се движи, што се менува, и се покажува дека навистина се обрнува внимание тој град, вели Трајановски.

Тој додава дека реконструирниот плоштад „Македонија“ е еден од најубавите во Европа.

-Изграден во стил на мозаик, плоштадот „Македонија“ е еден од најубавите во Европа. Потоа би можел да ги издвојам плоштадите ВМРО, Филип Втори, Богодорица. Тие се исто така мошне привлечни, и често се посетувани од странски туристи, вели Трајановски.