Трајановски: Скопје од година во година станува подобро место за живеење

Во изминативе четири години, Град Скопје работеше активно за подобрување на условите на граѓаните. Плод на тоа се стотиците реализирани проекти во сите 10 скопски општини.

-Во изминативе четири години, како и во претходните четири од првиот мандат работев транспарентно, напорно и посветено, а плод на тоа се стотици реализирани проекти во Скопје во различни области кои го подобрија живеењето на граѓаните. Скопје од година во година станува поубав град и подобро место за живеење, истакна градоначалникот Коце Трајановски на денешната прес-конференција во која даде отчет за сработеното.

Трајановски потенцираше дека дека се проширија тесните улици, се изградија кружни текови, се направија велосипедски патеки, се подобри јавниот превоз, се изгради водоводна, фекална и атмосферска канализација, се реализираа културни манифестации… односно се направија проекти во сите 10 општини во Град Скопје, без исклучок.

Исто така, меѓу многуте проекти е и реконструкцијата на 21 средно училиште, како и градбата на 2 нови училишта на територија на Скопје, кои се комплетно финансирани од Градот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.