Трајановски со иницијатива Универзалната сала да го носи името Тоше Проески

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, одлучи да поведе иницијатива до Советот на Град Скопје, Универзалната сала во главниот град да се именува во Тоше Проески.

Според информациите до кои што дојде „Курир“, на првата наредна седница на Советот, советниците ќе одлучуваат по ваквата иницијатива на скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Предлогот на Трајановски има целосна поддршка од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ во Град Скопје.

На почетокот на месец декември беше избрано и претставено идејното решение за новиот изглед на Универзалната сала.

Салата ќе биде во форма на јајце, ќе има голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории, а идејното решение е на архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн“.

Со овој преокт, градот Скопје и Македонија ќе добијат нов, модерен објект кој ќе овозможи современи услови за одржување манифестации и настани од секаков вид, кој ќе биде нов хералдички знак на градот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.