среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 11

Трајановски: Со престанок на мандатот на градоначалниците, ЈСП не ќе може да функционира

Во прашање ќе биде доведен и водоводниот систем по завршувањето на мандатот на градоначалниците, посочи Трајановски.

koce-trajanovski-nova

Последни вести

Со престанок на мандатот на градоначалниците, ЈСП практично не ќе може да функционира. Јавното сообраќајно претпријатие повеќе од 50 посто од средстава ги добива од Градот Скопје, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во гостувањето во Отворено студио на ТВ Нова.

И не само ЈСП, Трајановски соопшти дека во прашање ќе биде доведена и работата на ЈП паркови и зеленило и ЈП улици и патишта.

„Со престанок на важноста на потписот на градоначалникот, сето она што сме го потпишале – не важи. Ние како град Скопје имаме сектори кои се практично мали министерства. Секој од тие раководители на сектори има добиено овластувања од градоначалникот, тие овластувања престануваат – ќе нема градежни дозволи, нема да биде остварлива купопродажбата на недвижен имот,  активностите на булеварите ќе сопрат. ЈСП  и практично ќе не може да функционира. Истото важи и за паркови и зеленило кое добива субвенции од Градот Скопје. Ќе сопре работата на ЈП улици и патишта“, изјави Трајановски.

Додаде дека во прашање ќе биде доведен и водоводниот систем по завршувањето на мандатот на градоначалниците.

„Тоа ќе биде еден колапс на системот што ќе го засегне секој граѓанин. Покрај ЈСП годинава ги интегриравме и приватните превозници што ги плаќаме на неделна основа. Ниту тие нема да возат“, предупреди Трајановски и порача политичките партии да изнајдат решение за да се спречи колапс на локалната самоуправа за доброто на граѓаните.

Најчитани вести